Веќе е мај и едно од најчестите прашања кое почнува да се поставува е – Каде на одмор? Разгледавме што нудат нашите туристички агенции за оваа летна сезона, па за разлика од минатото, кога се нудеа само неколку опции за одмор (Грција,Турција, Египет, Тунис), оваа година понудата е поголема и поразновидна и би се рекло – за сечиј џеб.

Од летен одмор во некоја од соседните држави: Грција, Албанија и Бугарија, до далечни земји на друг континент, цените се разликуваат според дестинацијата, сместувачките капацитети и вклучените услуги. Поевтини се понудите со термини за почеток на месец јуни и за месец септември.

Валона на дланка – зошто треба да ја посетите

Најевтини се понудите за одмор во Албанија (пр. Голем – 500 евра за 7 ноќевања со полупансион и превоз за 2 лица), блиските места на море во Грција (пр. Паралија – 200 евра за 7 ноќевања за 2 лица, Неа Врасна – 400 евра за 7 ноќи со превоз за 2 лица), како и Црна Гора (пр. Будва – 380 евра за 7 ноќевања со превоз за 2 лица, Сутоморе – 315 евра за 7 ноќевања со појадок и превоз за 2 лица), а сите овие цени се однесуваат за почеток на месец јуни.

Паралија во Грција – Зошто ДА ја посетите, а зошто НЕ

За Грција има понуди за летување на Халкидики, Јонско море и на островите Крф, Амулијани и Тасос, со сопствен превоз и сместување во апартмани или хотели.

Амулијани – Идеален грчки остров за релаксиран одмор

Со авионски превоз има понуди за летен одмор во Турција (Бодрум, Анталија, Аланија, Кемер, Сиде, Белек, Лара) каде цените се значајно повисоки од минатите години. Од наведените места, за Бодрум се најскапите понуди, а најевтини се за Аланија.

Сите бои на Бодрум – зошто треба да го посетите

Во Турција може да летувате и со автобуски превоз – во Кушадаси и Кумбургаз и во овие две места цените се пониски од делот во Анталија и Бодрум.

Сиде – Совршен спој на древното и модерното време за релаксиран одмор во Турција

Со автобуски превоз може да прошетате по азурниот брег (Венеција, Љорет де Мар, Барселона, Ница, Монако) со вклучени 8 ноќевања, со почетна цена од 500 евра по лице.

Барселона – секогаш е добра идеја

Со чартер лет може да летувате во Египет (Хургада) и Тунис (Хамамет, Сус, Тунис, Порт ел Кантуи, Монастир, Мадиа), каде цените започнуваат од 1030 евра за 6 ноќевања за 2 лица во all inclusive хотел и авионски превоз), а со редовен авионски лет од Скопје може да отидете на одмор во Малта.

Одмор во Египет – Предлог што се’ да посетите за максимално доживување

Со авионски (не директен) лет од Скопје може да летувате и во Шпанија (Коста Брава – Лорет де Мар, Малага, Мајорка) и Португалија (Порто и Лисабон), а до островите Кипар и Крит има понуди за одмор со авионски лет од аеродромот во Солун, Грција.

МАЈОРКА – Најголемиот шпански остров кој никого не остава рамнодушен

Со авионски лет од Софија (Бугарија) или Тирана (Албанија) може да летувате во Португалија или Сицилија (Италија).

Едрење во Сицилија, Италија – дестинација за паметење

За оние кои сакаат летниот одмор да го поминат надвор од Европа, има понуди за патувања на: Занзибар, Куба, Бали, Малдиви, Мексико, Сејшели, но имајте во предвид дека летниот период кај нас за некои од овие дестинации не е идеално време за посета, па наместо сончево време може да ве дочекаат дождови.

Добро дојдовте во рајот на Земјата – Малдиви

Цените на овие аранжмани за егзотични дестинации (пр.Занзибар) започнуваат од 1250 евра за 8 ноќевања за 1 лице со вклучен појадок и превоз.

Сејшели – Дали рајот изгледа вака?

За летување во Македонија, дел од нашите туристички агенции може да ви понудат аранжмани за Охрид.

Охрид – 15 работи кои треба да ги направите при посета на овој град

Ако сакате да патувате во аранжман на некоја од нашите туристички агенции, останува да се одлучите за дестинациja од наведениот избор и да уживате во вашиот заслужен летен одмор.