Сао Паоло, Бразил Photo: Lucas Marcomini/Unsplash

Моменталната бројка на жители на оваа планета изнесува 7,874,965,825. Сајтот World Population Review, кој ги брои жителите во светот од секунда во секунда, направи листа на градови со најголем број на жители. Најнаселени се азиските земји во кои се наоѓаат и најнаселените градови во светот.

10 Градови со најголем број на жители во светот во овој момент се:

1. Токио, Јапонија – 37.435.191 жители

2. Делхи, Индија – 29.399.141 жител

3. Шангај, Кина – 26.317.104 жители

4. Сао Паоло, Бразил – 21 846 507 жители

5. Мексико Сити, Мексико – 21.671.908 жител

6. Каиро, Египет – 20.484.965 жители

7. Дака, Бангладеш – 20.283,552 жители

8. Пекинг, Кина – 20.896.820 жители

9. Мумбаи, Индија – 20.667.656 жители

10. Осака, Јапонија – 19.222.665 жители

Токио, Јапонија Photo: Rinto Sarkar/Unsplash

Од европските градови – на највисоко 13-то место е Истанбул со над 15.000 000 жители, потоа Москва на 24-то место со над 12.000 000 жители и Париз на 28-мо место со над 11.000 000 жители.

Целата листа може да ја погледнете ТУКА.