Мирно, тивко место, сместувачки капацитети во непосредна близина на песочна плажа, плитко море без бранови и без медузи, детско игралиште, базени за деца, аква парк, блиску со автомобил – се барањата за идеално место за летен одмор со мало дете.

Несомнено, патувањето со мали деца е предизвик, па во зависност од тоа каков одмор сакате да имате и колку долго можете да патувате со дете до дестинацијата за летен одмор во Грција, разгледајте ги овие предлог места:

1. Најблиску, најкраток пат со автомобил: Олимпик бич, Паралија, Неа Пори, Неа Каликратија, Неа Флогита.

Поопширно за Неа Каликратија прочитајте:

Неа Каликратија – одлично грчко гратче за летен одмор за секоја возраст

Поопширно за Паралија прочитајте:

Паралија во Грција – Зошто ДА ја посетите, а зошто НЕ

2. Халкидикина трите краци има долги, песочни плажи, кристално чисто море, плажи со урбана опрема:

I. Касандра – Неа Потидеа, Сивири, Ханиоти, Полихроно, Пефкохори.

Пефкохори Photo: Militiadis Fragkidis from Unsplash.com
Пефкохори     Photo:Militiadis Fragkidis from Unsplash.com

II. Ситонија – Торони, Сарти, Неос Мармарас, Вурувуру.

Вурувуру Photo: Jason Briscoe from Unsplash.com

III. Атос – Олимпијада, Неа Рода, Јерисос, Уранополис.

Поопширно за Уранополис прочитајте:

Уранополис – “скриено” гратче за мирен одмор на Халкидики

3. Острови:

Тасос – зелен остров со борови шуми, убави песочни плажи и плиток влез во море, без активен ноќен живот, идеален семеен остров.

Тасос Photo: Ilias Tsapaliaris from Unsplash.com

Крф – поголем остров со бујна вегетација, заради која се нарекува “Зелен смарагд”, кој исто така е богат и со бурна историја.

Kрф Photo: Corfy diary from Unsplash.com

Амулијани – Поопширно за Амулијани прочитајте:

Амулијани – Идеален грчки остров за релаксиран одмор

Крит – Најголем остров, препорачливо за семејства со поголеми деца (над 6-7 години). Поопширно за Крит прочитајте:

Крит – Парче рај со 2 од ТОП 25 најубави плажи во светот

4. Подалечно место: Врахос на околу 600 км оддалеченост од Скопје, мирно место со долга, песочна плажа и борова шума, со апартмани сместени директно на плажа.

Врахос Photo: Biljana Babik

Изборот не е мал, па останува на вас да одлучите каде ќе го поминете летниот одмор.

©patokolusvetot.mk  Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон