Мирно, тивко место, сместувачки капацитети во непосредна близина на песочна плажа, плитко море без бранови и без медузи, детско игралиште, базени за деца, аква парк, блиску со автомобил – се барањата за идеално место за летен одмор со мало дете.
Несомнено, патувањето со мали деца е предизвик, па во зависност од тоа каков одмор сакате да имате и колку долго можете да патувате со дете до дестинацијата за летен одмор во Грција, разгледајте ги овие предлог места:
1. Најблиску, најкраток пат со автомобил: Олимпик бич, Паралија, Неа Пори, Неа Каликратија, Неа Флогита.
Поопширно за Неа Каликратија прочитајте:
Неа Каликратија – одлично грчко гратче за летен одмор за секоја возраст
Поопширно за Паралија прочитајте:
2. Халкидики – на трите краци има долги, песочни плажи, кристално чисто море, плажи со урбана опрема:
I. Касандра – Неа Потидеа, Сивири, Ханиоти, Полихроно, Пефкохори.
II. Ситонија – Торони, Сарти, Неос Мармарас, Вурувуру.
III. Атос – Олимпијада, Неа Рода, Јерисос, Уранополис.
Поопширно за Уранополис прочитајте:
3. Острови:
Тасос – зелен остров со борови шуми, убави песочни плажи и плиток влез во море, без активен ноќен живот, идеален семеен остров.
Крф – поголем остров со бујна вегетација, заради која се нарекува “Зелен смарагд”, кој исто така е богат и со бурна историја.
Амулијани – Поопширно за Амулијани прочитајте:
Крит – Најголем остров, препорачливо за семејства со поголеми деца (над 6-7 години). Поопширно за Крит прочитајте:
4. Подалечно место: Врахос – на околу 600 км оддалеченост од Скопје, мирно место со долга, песочна плажа и борова шума, со апартмани сместени директно на плажа.
Изборот не е мал, па останува на вас да одлучите каде ќе го поминете летниот одмор.
©patokolusvetot.mk Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон