Photo: Thomas Lipke/Unsplash

Јужна Африка е земја која дефинитивно заслужува да и се обрне внимание и која треба да се посети, иако не е популарна туристичка дестинација како Тајланд, Куба, Бали, Малдиви.

Јужна Африка е и земја која е дом на многу интересни факти, кои ретко кој ги знае:

1. Околу 80% од населението на земјата се етнички црни Африканци. Околу 9% се обоени (мешавина од белци и Африканци или белци и азијати), скоро 8% се белци и околу 2% се етнички Индијци.

2. Јужна Африка има дури 11 службени јазици: Англиски, Afrikaans, isiZulu, isiXhosa, Sepedi, Setswana, Sesoto, Xitsonga, siSwati, Tshivenda и isiNdebele. Другите јазици кои исто така се зборуваат се  Khoi, Nama и San.

Photo:Kyle Cut Media/Unslpash

3.Првата трансплантација на човечко срце во светот е извршена во Кејп Таун во 1967 година.

4. Најголемиот дијамант во светот е откриен во 1905 година во рудникот Премиер кај Преторија, со големина од 3.106 карати!

Photo: Casey Allen/Unsplash

5. Јужна Африка има една од помладите популации во светот. Средната возраст на населението е 27 години, во споредба со 38 во САД, 40 во Велика Британија и 47 во Германија и Јапонија.

6.Островот Робен, дом на затворот во кој биле сместени политички затвореници за време на апартхејдот, вклучувајќи го и Нелсон Мендела, е под заштита од УНЕСКО. Освен овој остров, Јужна Африка има уште 9 места заштитени од УНЕСКО, како на пример локацијата северозападно од Јоханесбург, позната како “Лулка на човештвото” каде се пронајдени дел од најраните човечки фосили.

Photo: Ashim D Silva/Unsplash

7. Јужна Африка има три главни градови: Преторија е дом на извршната власт, Кејп Таун е дом на законодавната власт и Бломфонтејн е дом на судската власт.

8. Јужна Африка во 2019 година има највисоко ниво на нееднаквост во приходите во светот, според Светската банка. Се смета дека белците заработуваат шест пати повеќе од црните Африканци во оваа земја.

Photo: Marc Steenbeke/Unsplash

9. Јужноафриканците имаат една од највисоките стапки на ХИВ во светот.

10. Јужна Африка е единствената земја во светот која доброволно се откажа од својата програма за нуклеарно оружје.

Photo: Shashank Kumar/Unsplash