Кој ја посетил, знае дека Валона е совршена дестинација за летен одмор, со долга плажа, топло море, многу ресторани и кафулиња за уживање во топлите ноќи… Но, во Валона е убаво и кога не е летна сезона, а ова се дел од причините за нејзина посета во зима:
1. Зимата во Валона е прилично топла. Просечна температура во Октомври е 19,2 степени Целзиусови, во Ноември е 17,4, Декември 13,3, Јануари 10, а Февруари 11.
2. Незаборавни прошетки по шеталиштето долж морскиот брег во Валона, препознатливо по палморедот – од почеток до крај на шеталиштето.
3. Посетете го манастирот Звернец, кој се наоѓа на остров во лагуната Нарта, на кратко патување северозападно од Валона.
4. Уживајте во панорамскиот поглед на градот и морето од замокот Канин, кој се наоѓа на 6км оддалеченост од Валона, на 380 метри надморска височина. Се верува дека замокот е подигнат во 3 век п.н.е. Во 6 век од нашата ера, замокот бил реконструиран од Јустинијан I.
5. Посетете го Националниот парк Llogara и доживејте го филмскиот планински пат.
6. Превкусна храна – вкусете разнолика храна од традиционално и модерно мени. Храната во Валона навистина ќе ве воодушеви и со нејзиниот изглед и со нејзиниот вкус.
А, летно доживување на Валона и зошто треба да поминете летен одмор таму, може да прочитате тука: