Колку пати сте помислиле дека ви е доста од се’ и сте посакале да избегате на некое далечно, осамено место? Вакво место е Точката Немо (Point Nemo) – најоддалечената позиција на Земјата.

Точката Немо е место буквално сред нигде, опкружено со над 1000 милји океан во секоја насока. Толку многу е изолирано што најблиските луѓе до ова место најчесто се астронаутите на Меѓународната вселенска станица.

Photo from Wikipedia

Оваа оддалечена океанска локација се наоѓа на координатите 48°52,6′S 123°23,6′W, на околу 2.688 километри од најблиската земја — островот Дуси, дел од островите Питкерн, на север; Моту Нуи, еден од Велигденските Острови, на североисток и островот Махер, дел од Антарктикот, на југ.

Photo from Wikipedia

На најбрзиот брод му се потребни 15 дена, 10 часа и 37 минути за да стигне до точката Немо, а тогаш сте поблиску до астронаутите во вселенската станица отколку до другите луѓе на оваа планета.

Инаку , “Точка Немо“ е именувана по познатиот морнар од подморницата во книгата „Дваесет илјади милји под морето“ на Жил Верн.