Photo: Markus Winkler/Unsplash

Нискобуџетната авиокомпанија Wizz Air планира да воведе нова авиолинија од Македонија до Словенија, известува специјализираниот веб-сајт за авиосообраќај EX-YU Aviation.

Не е наведен точен датум за започнување на летовите на релација Скопје – Марибор, бидејќи се’ уште не е постигнат официјален договор, но се соопштува дека многу наскоро ќе биде официјализиран и претставен овој лет за јавноста.

Инаку, ова ќе биде прво авиоповрзување на Македонија со Словенија по пропаѓањето на Adria Airways во Септември 2019 година.

Поопширно за ова известување може да прочитате ТУКА.