Photos: Screen shot from Youtube video

Наречена Копакабана според најпознатата плажа во Бразил, ова е најдолгата плажа на Јадранското крајбрежје.

Велика плажа (Голема плажа) во Улцињ, Црна Гора, позната и како Јадранска Копакабана, се протега од р. Бојана до Порт Милена, на површина од 600.000 м2, долга е 13 километри и широка 60 метри. Нејзиниот капацитет е 150.000 посетители.

Идеална е и за постари и за помлади посетители, бидејќи се карактеризира со плиток појас на морето и ситен песок богат со минерали на кој му се препишуваат лековити својства.

По должината на плажата има хотелски комплекс со спортски терени за фудбал, кошарка, тенис, одбојка и ракомет, како и зелен појас со медитерански и суптропски растенија.

Улцињ има медитеранска клима со 218 сончеви денови во годината, а оддалечен е околу 400 км од северната граница на нашата држава, па навистина вреди да се посети барем еднаш.