Порталот за патувања “Tripadvisor”, кој собира мислења и искуства од патници за сите места во светот кои веќе ги посетиле, ја прогласи најдобрата плажа во светот за 2020 година. Плажата Baia do Sancho е прогласена за најдобра од сублимирани резултати оставени на порталот, кои вклучуваат мислења, оценки и прегледи на посетителите.
Плажата Baia do Sancho се наоѓа на архипелагот Fernando de Noronha во Бразил. Архипелагот е оддалечен 350 километри од бразилскиот брег и е под заштита од УНЕСКО.
Плажата е сокриена и тешко пристапна. Не може да се стигне до неа со автомобил, туку само со пешачење, откако ќе се симнете по скали изградени сред недопрена природа. Бидејќи е тешко пристапна, ретко е полна, па така најчесто има повеќе птици, отколку луѓе на оваа плажа. Исто така, и пристапот до плажата со брод е забранет, а во заливот на кој се наоѓа плажата дозволени се само четири чамци. Но, трудот кој ќе го вложите за да стигнете до оваа плажа, навистина се исплати.
Додека минувате низ тесна патека, не може да замислите што ве чека. Рајски поглед кој изгледа чудесно. Тиркизна, кристално чиста вода, идеална за долго пливање и нуркање, како и златен песок за одмарање, сето ова скриено со карпи, ја прави оваа плажа навистина неверојатна.
А, која е најдобра плажа во Европа за 2020 година според “Tripadvisor”, може да прочитате на следниот линк: