Нашиот јужен сосед Грција поседува 6000 острови, од кои само околу 120 се населени, а на неколку од нив се наоѓаат дел од најубавите плажи на овој свет.
Па, како да одберете кој грчки остров да го посетите?
Во зависност од вашите интереси и барања, земете ја во предвид оваа препорака за грчките острови:
- Остров за секоја сезона: Крит, Родос, Крф.
- Кристално чиста вода: Кефалонија, Лефкада, Крит.
- Луксуз на буџет: Сирос, Парос, Тинос.
- Остров за одмор со деца: Крит, Крф, Наксос, Кос, Taсос
Островот Кос – Неодолив, колоритен и автентичен грчки остров со богата историја
- Велосипедизам и пешачење: Koс, Наксос, Сифнос.
- 24 часа забава: Миконос, Закинтос, Лос.
Миконос – Да се биде или не на најскапиот и најпосакуваниот грчки остров
- Патувања за девојки: Милос, Парос, Миконос.
- Романтичен одмор: Санторини, Милос, Кастелоризо.
- Гастрономски Рај: Крит, Парос, Сифнос.
- Несекојдневна дестинација, помалку популарен остров: Икарија, Китира, Астипалеја, Амулијани.
Секој од наведените острови поседува посебна убавина, шарм и грчки дух, па се надеваме дека ќе успеете да одберете кој да го посетите или пак да направите листа за посета на повеќе од еден.