Во мала германска населба се живее со само 88 центи годишна кирија, која не е покачена од 1520 година, но треба да исполните неколку услови за да може да живеете во неа.
Населбата Фугереј која се наоѓа во Аугсбург, Германија содржи 67 куќи, 147 станови, една црква и административна зграда и е најстар добротворен комплекс за социјални станови во светот.
За да добиете дозвола да живеете во оваа населба треба да исполните неколку услови: мора да сте католик, да докажете дека сте во незавидна финансиска ситуација и трипати дневно да се молите на Бога за здравјето на фамилијата Фугер, чии претци ја создале оваа населба. За да аплицирате за дом во оваа населба треба лично да отидете да разговарате со социјалните работници, кои ќе ви објаснат кои се’ документи треба да ги поседувате.
Жителите не треба да излегуваат после 10 часот навечер и секој кој ќе биде фатен на улиците во населбата треба да плати казна од 1 евро. Ова правило е воведено за да се заштити населбата од алкохоличари кои се движат по улиците во ноќните часови.
Објектите во Фугерај се одржуваат со помош на 3.000 хектари шуми кои се сопственост на Фондацијата Фугер, потоа со заработка од божиќни пазари на кои учествуваат жителите и од влезници кои се наплаќаат за посета на туристи. Една влезница за влез на туристи чини 4 евра.
Луѓето кои добиле дозвола да живеат во оваа населба се среќни за пружената можност, а за одобрување за да се населите овде се чека по две години.