Властите во Грција ги превезмаат сите потребни мерки за заштита на туристите од ширење на Covid-19, па така ја поделија земјата на 3 зони на ризик (низок, среден и висок) според достапноста на здравствените установи и капацитетот за тестирање и лечење.
Зона А – зона со низок ризик:
Во оваа зона спаѓаат копнените делови на Грција и островот Крит, каде има развиен здравствен систем и лесен и брз пристап до болница, оддалечени максимум два часа со автомобил или брод. Тука спаѓаат: Халкидики, областа Пиериа, дел од Кикладите (најблиските до Атина), островот Сароник и Евиа.
Тука спаѓаат островите Санторини, Парос и Родос и Североисточните Егејски острови Лезбос, Хиос, Самос, Икариа, Лимнос.
Зона Ц – зона со висок ризик:
Во оваа најризична група се островите и местат кои имаат само основна здравствена инфраструктура или воопшто немаат здравствена установа. На овие места ќе се прават тестови и ќе се дава медицинска помош на пловечки единици организирани од Националната организација за јавно здравје (National Organization of Public Health).
Националниот центар за итна помош започна со спроведување на акционен план за островите нарачен S.A.F.E. (Stay Alert Fully Educated), кој има за цел да осигура подготвеност на болниците, здравствените домови, регионалните и островските клиники и крајбрежната стража. Дополнително се врши и обука на сите здравствени работници за вирусот Covid-19.