Зголемен број на заразени, пополнет капацитет на болници и зголемена стапка на смртност е моменталната ситуација со Covid-19 во цела Европа.

Европскиот центар за контрола и превенција од болести (European Centre for Desease Prevention and Control) секој четврток објавува карта со моментална состојба со вирусот во сите земји членки на ЕУ, Велика Британија, Норвешка и Исланд.

Оваа карта служи за подобро усогласување на препораките, а земјите се класифицираат според два критериума: број на новозаразени лица на 100.000 жители во текот на последните 14 дена и број на позитивни тестови во зависност од тоа дали бројот е повисок или понизок од 4%.

Секоја недела се зголемува бројот на држави кои влегуваат во црвената зона, а оваа недела во неа влегоа Италија и Австрија.

Моментално само дел од Норвешка е во зелена зона, Осло и неговата околина е во портокалова зона. Грција и Финска преминуваат од минатонеделната зелена во портокалова зона.

Во сите земји во ЕУ се зголемуваат мерките за претпазливост, како задолжително носење на маски на отворено, но и во затворен простор, воведување полициски час и карантин.

Од Covid-19 досега починале најмалку 1.133.136 лица во светот. (официјална бројка до Четврток (22.10.2020)

Неделното ажурирање на мапата може да го следите на овој ЛИНК.