На 16 декември се одржа манифестацијата Сајт на годината за 2020 година, на која Patokousvetot.mk освои Второ место во категоријата ТУРИЗАМ и УГОСТИТЕЛСТВО. Изборот се одржа по јубилеен десетти пат и за разлика од минатите години, овој пат прогласувањето на победниците беше online.

Ова е прво признание за нашиот портал, кое неизмерно ни значи, особено во оваа тешка година, во која светот е погоден од пандемија, а еднa од најпогодените индустрии e туризмот и угостителството.

Patokolusvetot.mk постои релативно краток временски период – од Ноември 2019 и за година во која ги направи своите први чекори, година во која светот се бори со пандемија од Covid-19 и со рестрикции за патувања, забележа особен успех при привлекување на редовни читатели и со секој нареден месец бележи растење на бројот на нови, верни пријатели.

Како да патувате безбедно, како најефикасно да се спакувате за на пат, како да се справите со долго чекање на аеродомите и со џет лег, кои се најдобрите хотели во светот, кои се најскапи, а кои најевтини градови, најнови информации за рестрикции при патувања во време на Корона, репортажи од светски метрополи и од помалку познати места, споделени доживувања, предлози за летување и зимoвање… и уште безброј други прашања кои најчесто не’ мачат – на нашиот портал има совети и одговори на сите патувачки “маки”.

Драги наши патувачи – неизмерно ви благодариме за укажаната доверба во оваа измината година, продолжуваме понатаму со уште поинтересни текстови и актуелни патувачки содржини. Во секој момент сме отворени за сугестии, препораки и текстови со ваши патувачки искуства. Ни значи секој ваш предлог, пофалба и критика и ни е мотовација да бидеме подобри.

Толку многу дестинации, а толку малку време.”

Ве сака Patokolusvetot.mk