Photos from Unsplash.com

Се наближува сезона на летни одмори и властите во Грција најавуваат укинување на мерките воведени за заштита од Ковид-19, а во полн ек е резервација на хотели и други сместувачки капацитети на грчкото крајбрежје со евидентно покачени цени од ланската година.

Дел од цените за прехрамбени продукти во грчките туристички места ги пренесува “Телеграф бизнис”: цената на гиро е 4 евра, а растурено гиро (сервирано во чинија) чини 7 евра, кафе фредо капучино чини 5 евра, пиво (мало) 4,5 евра, Аперол шприц на плажа може да испиете за 8,5 евра, а цена на обичен леб од 800 грама купен на островот Евија чини 2,4 евра.

Статистичките податоци покажуваат дека поскапеле овошјето, зеленчукот, маслото, лебот и месните производи, a продавниците се полни и нема недостаток на намирници.

Поопширно може да прочитате ТУКА.

Инаку, Грција најави укинување на сите мерки за заштита од Ковид-19 започнувајќи од 2 мај:

Грција ги укинува сите мерки за коронавирус – слободен влез и за невакцинирани