Додека останатиот дел од светот сеуште води битка со справување со Covid-19 вирусот, Виетнам веќе еден месец нема нов случај на заразен. Ова се должи на експресната реакција на Виетнамските власти, кои иако немаа позитивен случај во државата, во Jануари ја затворија границата со Кина, со што успеаа да го спречат ширењето на вирусот.
Во Виетнам живеат 97 милиони луѓе и ако властите не превземеа веднаш драстични мерки, вирусот можеше да биде со многу големи последници по населението.
Тие реагираа веднаш штом Кина пријави двајца починати во Вухан, а откако се појавил првиот позитивен човек во Виетнам кој допатувал од Вухан – прогласија вонредна ситуација. Тие веднаш воведоа забрана за патувања, ги затворија училиштата, ја затворија границата со Кина и ги зголемија здравствените проверки на критичните места и реони.
Мерките кои ги превзема Виетнам се мерки за кои на други држави им беа потребни месеци за да ги стават во функција.
Па така, Виетнам објави дека има само 300 позитивни случаи на Covid-19 вирусот и ниту еден починат. Во Мај ги отворија училиштата, полека се враќаа во нормала, а сега решија да ги отворат и границите на државата.
Виетнам е пример дека строгите и навремени мерки за превенција се најдобриот начин за справување со пандемијата која не ги поштеди сите држави во светот.