Photo: Niels Baars from Unsplash.com

Од март 2025 година нискобуџетната авиокомпанија Transavia воведува директен лет помеѓу Скопје и Амстердам, Холандија.

Започнувајќи од 2 март, оваа нискобуџетна холандско – француска авиокомпанија ќе лета два пати неделно Скопје – Амстердам – Скопје. Авионските карти од денес се пуштени во продажба и моменталната цена за карта во еден правец започнува од 44 евра.

Ова ќе биде единствена авионска линија која го поврзува скопскиот аеродром со Schiphol аеродромот во Амстердам, Холандија. Wizz Air одржува редовна авионска линија до Ајндховен во Холандија, кој е оддалечен 125 километри од Амстердам.

Авионски карти може да се купат на веб сајтот на Transavia.