Photo: Isaw company from Unsplash

Грција наскоро ќе ги укине сите мерки кои беа воведени за спречување на ширење на коронавирусот.

Грчкиот министер за здравство Танос Плеврис најави укинување на сите мерки против коронавирус во тек на летната сезона –  од мај до август, што значи дека во Грција ќе може да се влезе без приложување на документ за Ковид-19. Од септември повторно ќе се воведат мерки.

Во текот на летото, на невакцинираните лица нема да им бидат потребни тестови за да можат да седнат на отворени простории во ресторани, барови, кафулиња и ноќни клубови.

Оваа одлука треба да биде донесена од 2 мај.

Поопширно може да прочитате ТУКА.