Која држава во Европа има најдобри, а која најлоши патишта? – одговорот го има World Economy Forum, кој направи листа на квалитет на патна инфраструктура на сите држави.

Најдобри патишта во Европа има Холандија (6.40), а веднаш по неа – Швајцарија, Австрија, Португалија и Шпанија.

Иако не може да се пофалиме со одлични патишта, Македонија со резултат од 3,40 не е на последно место на оваа листа – се наоѓа на 35-то место од вкупно 40.

Според листата, полоши патишта од Македонија имаат: Малта, Романија, Украина, Босна и Херцеговина и Молдавија. Молдавија е на последното 40-то место (2,60).

Целата листа може да ја погледнете ТУКА.