Photos from Unslash.com

Има голема разлика од хотел со 1 ѕвезда до хотел со 4 или 5 ѕвезди. Секоја ѕвезда означува стандарди кои треба да ги исполни хотелот за да се закити со неа. Во продолжение прочитајте што треба да содржи хотел со 1, 2, 3, 4 и 5 ѕвезди.

Што треба да содржи хотел со 1 ѕвезда:

  • Општи услови за хотел со 1 ѕвезда:

– Работење со полно работно време 7 дена во неделата во сезоната.

– Да ги има сите потребни лиценци за работа.

– Да биде осигуран.

– Да има лифтови (24 часа) во објекти повисоки од приземје плус два ката.

– Секојдневно сервисирани спални соби, бања, јавни површини и кујна.

– Сите подни површини да се чисти и во добра форма. Одржувањето на хигиена да биде на високо ниво се подразбира за сите категории на хотели.

–  Да има резервна опција за електрична енергија – генератор.

Photos from Unsplash.com
  • Содржини на гостинска соба во хотел со 1 ѕвезда:

– Минимум 10 соби за издавање, сите соби со надворешни прозорци/вентилација.

– Минимална големина на соба со исклучок на бања да биде 11 m2.

– Секоја гостинска соба треба да содржи бања со минимална големина од 2,7 m2 , во која треба да има сапун од средствата за лична хигиена и тоалетна хартија, како и 1 крпа за капење и 1 крпа за бришење на раце.

– Ладна и топла вода треба да биде достапна 24/7.

– Климатизација треба да имаат 25% од собите.

– Чиста промена на постелнината и крпи за бања – на дневна база и помеѓу пријавувањето на гости.

– Минимална широчина на креветот: за единечен кревет е 90 cm, за двоен кревет е 180 cm.

– Минимум постелнина: 2 чаршафи, перницa со навлака, ќебе, навлака за кревет.

– Хотелите од сите категории треба да обезбедат две затворени шишиња брендирана флаширана вода од минимум 300 ml. по лице на ден на бесплатна основа.

– Полици/простор со фиоки, простор за чување постелнина, гардеробер со минимум 3 закачалки за облека (добро проветрени).

– Доволно осветлување, 1 по кревет.

– Заземјен приклучок од 3 ампери во близина на креветот и USB полнач.

– Наткасна со фиока, кoрпа за отпадоци.

– Непроѕирни завеси на сите прозорци, огледало.

– Известување за врата „не вознемирувај“ и известување за врата за чистење на собата.

– Осветлување со заштеда на енергија.

Photos from Unsplash.com
  • Простории за исхрана и пијалоци за хотел со 1 ѕвезда:

– Минимум еден ресторан кој ги служи сите оброци.

– Приборот за јадење да биде од нерѓосувачки челик. За секоја категоризација на хотел – пластични садови се прифаќаат само во делот околу базен.

Поопширно прочитајте на линкот:

1 Star Hotel Classification – List Of Required Facilities and Services

Photo: Venice hotel from Unsplash.com

 Што треба да содржи хотел со 2 ѕвезди:

Хотел со 2 ѕвезди треба да ги содржи сите набројани работи кои ги содржи хотел со 1 ѕвезда плус: во гостинските соби да има ТВ со кабелски или сателитски канали доколку се достапни, покрај креветот да има светло за читање, појадокот да биде “шведска маса”.

Поопширно прочитајте на линкот:

2 Star Hotel Classification – List Of Required Facilities and Services

Photo: Heather Ford from Unsplash.com

 Што треба да содржи хотел со 3 ѕвезди:

Хотел со 3 ѕвезди треба да ги содржи сите набројани работи кои ги содржи хотел со 2 ѕвезди плус: гостинските соби треба да бидат со големина од минимум 12 m2, а бањата да биде 3,3 m2 и да обезбедат фен на барање на гостинот, а освен две крпи по лице, треба да има и крпа за под. Климатизирани треба да бидат 50% од собите, дебелина на душекот на креветот треба да биде минимум 10см. Собата треба да содржи и минибар/ фрижидер, како и телефон со директно бирање на број, пристап до интернет и папка со канцелариски материјал.

Поопширно прочитајте на линкот:

3 Star Hotel Classification – List Of Required Facilities and Services

Photo: Vojtech Bruzek from Unsplash.com

 Што треба да содржи хотел со 4 ѕвезди:

Хотел со 4 ѕвезди треба да ги содржи сите набројани работи кои ги содржи хотел со 3 ѕвезди плус: гостинските соби треба да бидат со големина од минимум 13 m2, а бањата да биде минимум 3,3 m2 и да содржи фен за коса. Климатизирани треба да бидат сите соби, од кои барем една соба треба да биде апартман (или 2% од вкупниот број на соби). Во бањите освен сапун, треба да има и други средства за лична хигиена (шампон, гел за туширање, регенератор за коса…). Во собите треба да има сеф и апаратче за правење кафе/чај, а минибарот да биде секогаш полн.

Поопширно прочитајте на линкот:

4 Star Hotel Classification – List Of Required Facilities and Services

Photo: Oswald Elsaboath from Unsplash.com

 Што треба да содржи хотел со 5 ѕвезди:

Хотел со 5 ѕвезди е поим за луксуз и треба да ги содржи сите набројани работи кои ги содржи хотел со 4 ѕвезди плус: гостинските соби треба да бидат удобни со големина од минимум 18,5 m2, а бањата да биде минимум 4 m2, треба да бидат опремени со додатни детали и украси (вазни, списанија/дневни весници) и да имаат брз wi-fi интернет. Хотел со 5 ѕвезди треба да содржи и базен, СПА со масажи, фитнес, како и салон за разубавување и берберница, продавница за сувенири и амбуланта со опрема за прва помош.

Поопширно прочитајте на линкот:

5 Star Hotel Classification – List Of Required Facilities and Services

Photo: Paolo Nicolello from Unsplash.com

Секако, поголем број на ѕвезди значи и поскапа цена на хотелот. Исто така, имајте во предвид дека има разлика од хотел со на пример 4* во една држава со хотел со 4* во друга држава, па за да се заштитите од непријатности при патување и да видите дали хотелот ќе одговара на вашите потреби и очекувања, пред да резервирате одреден хотел, прочитајте искуства од гости кои престојувале во хотелот (на Booking.com, Tripadvisor.com…), како би добиле реална слика за хотелот, која може да се разликува од она што се прикажува на фотографиите на сајтот на хотелот или како што ќе ви го претстават во туристичка агенција.