Шест од десетте најздрави земји во светот се во Европа. Во истражувањето на Bloomberg Healthiest Country Index за 2019 година, земени се во предвид 169 земји во светот, а рангирани се според: просечниот животен век, квалитетот на храна и вода за пиење, санитарни услови, здрави навики, клима и пушење цигари. На оваа листа, Македонија е на 56-то место, со пад за 12 места од претходното рангирање.
Ова е листата на 10 земји со најздрави жители:
- Шпанија – Со најдолг просечен животен век во Европа, а во 2040 година се очекува луѓето во Шпанија да имаат најдолг животен век во светот. Ова се должи на одличната клима и здрава исхрана.
- Италија – Ја следи Шпанија со најдолг просечен животен век, одлична клима и здрава храна.
- Исланд – Чиста природна средина ,одличен здравствен систем и исхрана со риба.
- Јапонија – Најздрава азиска земја, со најдолг животен век во Азија и здрава исхрана базирана на риба и ориз.
- Швајцарија – Здрава исхрана, чиста природна средина и спортски навики.
- Шведска – Го имаат најдобриот здравствен систем во светот.
- Австралија – Одлична клима и спортски навики.
- Сингапур – Одличен здравствен систем и долг животен век.
- Норвешка – Добар здравствен систем.
- Израел – Долг животен век и здрава храна.