Photo: Convertkit/Unsplash

Пандемијата на Covid-19 сосема ги измени патувањата низ светот, па засега останува само да се надеваме дека набрзо ќе се вратиме на стариот начин на функционирање, кога ќе се укинат рестрикциите за патувања.

The Henley Passport Index секоја година изработува листа во која ги рангира пасошите според тоа во колку држави може да се влезе без виза и за колку држави е потребна виза. Оваа листа се базира на податоци обезбедени од International Air Transport Authority (IATA) и опфаќа 199 пасоши и 227 дестинации. Се ажурира во текот на целата година со секоја измена на визната политика.

Оваа година на прво место е Јапонскиот пасош – најмоќен во светот, со кој може без виза да се влезе во 191 држава.

На второ место е Сингапурскиот пасош со влез во 190 држави без потребна виза, а третото место го делат пасошите на Јужна Кореја и Германија со 189 држави за кои не е потребна виза.

Топ 10 листата на најмоќни пасоши изгледа вака:

1. Јапонија (влез во 191 држава без виза)
2. Сингапур (190)
3. Јужна Кореја, Германија (189)
4. Италија, Финска, Шпанија, Луксембург (188)
5. Данска, Австрија (187)
6. Шведска, Франција, Португалија, Холандија, Ирска (186)
7. Швајцарија, САД, Обединетото Кралство, Норвешка, Белгија, Нов Зеланд (185)
8. Грција, Малта, Чешка, Австралија (184)
9. Канада (183)
10. Унгарија (181)
Македонија на оваа листа се наоѓа на 45-то место од вкупно 110 места, при што со македонски пасош без потребна виза може да се влезе во 124 држави, а за 102 држави е потребна виза.
Македонскиот пасош ланската година беше рангиран на 44-то место, а најдобро рангирање имаше во 2014 година кога се наоѓаше на 36-то место.
На крајот на оваа листа, односно држави со чиј пасош може без виза да се влезе во помалку од 40 држави се:
103. Северна Кореја (влез во 39 држави без виза)
104. Либија, Непал (38)
105. Палестина (37)
106. Сомалија, Јемен (33)
107. Пакистан (32)
108. Сирија (29)
109. Ирак (28)
110. Авганистан (26)
Целата листа може да ја погледнете на овој ЛИНК.