Ако размислувате за одмор во Грција и сакате да посетите некој од островите, може да ве интересира кои острови имаат најдостапни, најевтини цени за сместување и храна.
Британскиот сајт Which? направил анализа на околу 4.500 аранжмани кои може да се резервираат за ова лето преку нивни туристички агенции и според тоа истражување првите три места за најевтини пакет дестинации ги завземаат 3 грчки острови.
На прво место е островот Калимнос, каде најевтиниот пакет аранжман за лице за 7 ноќевања е 927 евра.

На второ место е островот Тасос со најевтин аранжман од 1006 евра за лице за 7 ноќевања.

На трето место е Лефкада, со 1090 евра по лице за 7 ноќевања.

Ова се цени за пакет аранжмани од Велика Британија, за македонските граѓани овие острови се со многу попристапни цени, земајќи ја во предвид нивната близина до Македонија.
Тасос и Лефкада се честа дестинација за македонските туристи во летниот период, додека островот Калимнос е помалку познат и помалку посетен од нашите граѓани.
Калимнос е мал остров, пооддалечен од нашите граници, спаѓа во групата на острови Додеканези, во Источна Грција, а се карактеризира со сафирно море, планини и скриени заливи, како и со одлични ресторани. До овој остров се стигнува со 40-минутно возење со брод од островот Кос, кој е најблизок остров на кој има аеродром.
Ако се решите да го посетите Калимнос, не заборавајте да го посетите и колоритниот и автентичен остров Кос:
Островот Кос – Неодолив, колоритен и автентичен грчки остров со богата историја
А, ако пак сакате да дознаете повеќе информации за најскапиот остров во Грција, прочитајте ја репортажата за него:
Миконос – Да се биде или не на најскапиот и најпосакуваниот грчки остров