Мапата изработена од страна на Google Maps која ја прикажува една од најдолгите, непрекинати пешачки патеки во светот, започнува од Кејп Таун во Јужна Африка и завршува во Магадан, Русија, со растојание од вкупно 22.387 км.

За да ја испешачите оваа рута ќе потрошите 4.492 часа или 187 денови поминати во нон-стоп пешачење. Во полесна варијанта, со дневно пешачење по 8 часа, потребни ви се 562 дена.

Ќе искачите 117.693 метри височина и ќе се симнете 117.686 метри – еквивалентно на 13 кружни патувања до и од Монт Еверест.

Во текот на пешачењето ќе поминете низ 16 земји, вклучувајќи ги и Грузија, Судан и Сирија, што секако дополнително го комлицира овој и онака тежок потфат, со што оваа рута освен една од најдолгите , ја прави и една од најопасните пешачки рути во светот.