Photo: Screen shot Youtube video

Почувствувајте се како да сте на Малдиви, а да не мора да излезете од границите на поранешна Југославија. Една од најубавите плажи во Европа е блиску до нас.

Плажата Сакарун се наоѓа во северозападниот дел на Дуги оток, најголемиот остров на архипелагот Задар во Хрватска. Сакарун со тиркизната боја на морето многу наликува на плажите на Малдиви и оправдано спаѓа во најубавите плажи во Европа.

Ова е една од најживописните песочни плажи во Хрватска и секогаш привлекува голем број на туристи. Долга е околу 1 км, покриена со песок и опкружена со борови дрвја, а морето е плитко, топло, со рамно дно и кристално чиста вода.

Photo: Screen shot Youtube video

За да уживате во овој тиркизен рај, може да се сместите на островот или да ја посетите плажата со дневна екскурзија со траект од пристаништето во Задар.

Има два ресторани, бесплатни тушеви, соблекувални и тоалети на плажата, а може да изнајмите чадори и лежалки, кајаци и чамци. Исто така, содржи и спортски терени и простор за забава за деца.