Photo:Stil/Unsplash

Ситуацијата со ширење на вирусот Covid-19 сеуште е алармантна во нашата држава, па не се очекува Македонија да се најде на обновениот список на земји чии државјани ќе може да патуваат во земјите од ЕУ.

Моментално, државјаните со македонски пасош можат да патуваат без ПЦР тест и без карантин во:

АЛБАНИЈА  – потребни документи за патување: важечки пасош или лична карта.

Протокол за патување :

– Границите се отворени.

– Не е потребно одобрение за влез.

– Не е потребен негативен ПЦР тест.

– Не е потребен карантин.

– Не е потребна самоизолација.

Photo: Polina Rytova/Unsplash

ТУРЦИЈА потребен документ за патување: пасош со валидност од најмалку 6 месеци од денот на враќање во Македонија.

Протокол за патување :

– По слетување на аеродромот, пред пасошката контрола патниците поминуваат здравствена контрола.

– Ќе се тестираат за Covid-19 само патници кај кои постои сомнеж за здравствената состојба. Тестот не e на терет на патникот, туку e на трошок на Република Турција.

– Во случај патникот да е позитивен на тестот, грижата за него ја превзема Министерството за здравство на Република Турција.

Photo: Ridvan Meah/Unsplash

ГРЦИЈА – дозволува влез во земјата само за граѓани со неодложни потреби, како медицински причини и тоа преку граничниот премин Евзони – со соодветна документација или поради неодложни обврски кои мора да се спреведат на територијата на Грција.

Важно: При влез во Грција сите патници мора да имаат Код за локација на патникот (QR kод), кој се вади по електронски пат најмалку 2 часа пред влезот во Грција, на следниот линк: https://travel.gov.gr/#/

Photo: Charile Marusiak/Unsplash

СРБИЈА Според информација која денес ја има споделено Амбасада на Република Северна Македонија во Република Србија на својот Фејсбук профил – Засега нема потреба за ПЦР тест за влез во Србија, односно влезот за македонски државјани е слободен.

За македонски граѓани кои сакаат да влезат во Македонија преку аеродромите на соседните држави – Србија, Бугарија и Грција, по слетување на аеродромот мора веднаш да ја напуштат државата. По пристигнувањето на граничниот премин, ќе се одреди дали истите ќе подлежат на тестирање, самоизолација или карантин, во зависност од тоа од која земја доаѓаат.

За влез во останатите земји, македонските државјани треба да приложат негативен ПЦР тест, не постар од 48 до 72 часа.

Сите наведени протоколи се подложни на менување и секоја земја има различен протокол, па затоа е најдобро пред патување да се информирате за најновите протоколи на земјата во која планирате да патувате.

Може да се информирате на Интерактивната Коронавирус мапа на светот со регулативи за патувања, објавена од страна на IATA (International Air Transport Association), која редовно се обновува со најнови официјални информации од секоја држава:

Интерактивна Коронавирус мапа на светот со регулативи за патувања