Колку и да сте љубопитни да ги посетите овие места, тие се забранети за легална посета, освен ако сте научници или воени лица:
1. Пештера Lascaux, Франција – Оваа пештера содржи цртежи насликани од нашите претци, кои се околу 20.000 години стари, а за да не се уништат, од 1963 година оваа пештера е затворена за туристички посети. Бидејќи не можe да ја посетите, поглeднете ја виртуелната тура низ оваа пештера:
2. Змиски остров Ilha da Queimada Grande, Бразил – Овој остров е пренаселен со отровни змии и заради безбедност на луѓе не е дозволена посета. Островот го посетуваат само птици.
3. Doomsday Vault, Норвешка – Ова е најважната соба во светот, каде се чуваат примероци од 4,5 милиони семиња од сите држави во светот, па дури и Северна Кореја има испратено семиња на чување. Трезорот ја штити светската земјоделска генетска разновидност и нашето идно снабдување со храна во случај на катастрофа.
4. Area 51, САД – Ова е американска воена база сместена во пустината Навада, каде се тестираат нови видови на оружје, а постојат и изјави за необични појави во овој дел, па се верува дека оваа област ја посетуваат вонземски летала. Доколку некој влезе тука, врз него ќе биде употребено огнено оружје.
5. Остров North Sentinеl, Индија – Овој остров е населен од изолирано племе Сентинелези, кое нема контакт со цивилизација и секој кој пробал да им се приближи – бил убиен. Племето овде живее над 50.000 години, а најблиску што може да дојдете до овој остров е на растојание од 10 км. Авторот на оваа ретка фотографија од островот вели: “Oва е дом на Сентинелези, народ кој отфрла, честопати насилно, секаков контакт со надворешниот свет. Тие се меѓу последните неконтактирани народи кои останале практично недопрени од модерната цивилизација. Единствениот начин да се види островот е одозгора.”
6. Соба 39, Северна Кореја – Ова е една од најтаинствените организации за која се верува дека е сместена во зградата на владеачката Работнилка партија во Пјонгјанг и која користи околу 20 сметки во Кина и Швајцарија за перење пари, фалисификати и други нелегални трансакции. Северна Кореја негира нелегални активности.
7. Ватиканските тајни архиви – Иако може да побарате да погледнете било кој од архивираните документи кои не се постари од 75 години, не може да стапнете во архивата, освен ако не сте Папата. Овде се чуваат документи на полици со вкупна должина од 84 километри.
8. Град Межгорје во Башкортостан, Русија – Ова е град од затворен тип, кој е основан во 1979 година и многумина се прашуваат, но немаат точен одговор што се работи во овој град, а сателитски снимки наводно покажуваат дека тука се наоѓа огромен нуклеарен објект или бункер.
Освен овие 8, постојат и други помалку прочуени места на светов кои не е дозволено да ги посетите или за чија посета ви треба специјално одобрување, до кое се стигнува многу тешко.