Photo: Unsplash.com

„Силата ги отвора своите крилја за оние кои ја заслужуваат, а смртта ги шири своите крилја на секој кукавица”– пишува на најскапиот антиквитет на оваа планета. Оваа реченица е напишана на златната маска на египетскиот фараон Тутанкамон и е на врвот на листата на бесценети, културни реликвии во светот.

Маската е изработена од чисто злато и скапоцени камења, за дел од нив се верува дека не потекнуваат од оваа планета, и тежи 11 килограми, а прецизната изработка во времето кога е изработена и до ден денес е мистерија за современото човештво.

Инаку, оваа маска е една од трите маски кои биле пронајдени во саркофагот на Тутанкамон и e единствена фараонска гробница која била откриена како што и била запечатена по смртта на младиот фараон, за разлика од сите други кои биле ограбени.

Photo: Robert Thiemann from Unsplash

Гробницата била откриена во 1922 година од страна на археологот Хаувард Картер, каде покрај останатите предмети потребни за задгробен живот, било пронајдено и мумифицираното тело на Тутанкамон, кој бил роден околу 1334 година пред нашата ера и живеел само 19 години.

За споредба, досега најскапо продаден антиквитет е вазна од кинеската династија Кинг, која била продадена за 73 милиони долари.

Маската на Тутанкамон се наоѓа во Египетскиот музеј во Каиро, еден од светските музеи кои навистина треба да се посетат, каде покрај оваа маска, може да се видат уште илјадници артефакти, мумии од богатата египетска историја.

Како изгледа музејот, може да погледнете: