Fukuoka Photos from Unsplash.com

Ако сакате да платите најевтино хотелско сместување во една од најскапите држави во светот – тогаш разгледајте ја понудата на One Dollar Hotel.

Хотелот Asahi Ryokan се наоѓа во Јапонија, во градот Фукуока и едно ноќевање ќе ве чини 1 долар, но целиот ваш престој во собата ќе се емитува во живо на Youtube каналот на хотелот. Ова е интересна идеја на сопственикот на хотелот да не заработува од изнајмување на собите, туку да заработува од гледаноста на неговиот Youtube канал.

При престојот во собата нема целосно да ви биде нарушена приватноста, бидејќи нема камера во бањата и светлата може да ги гасите кога сакате, а треба да внимавате пред камерата да не ги покажете вашите лични податоци – пасош, банкарски картички и сл.

Вака изгледа хотелот и собата:

Во денешно време кога се’ повеќе млади се ориентираат на online заработка со видеа на Youtube ова е одлична можност за промовирање на својот канал, а за тоа да платат само 1 долар и да имаат каде да преспијат.