Во светот постојат над 7.000 јазици кои се зборуваат, но само 83 од нив ги зборува најголем дел од светската популација, додека многу од останатите јазици полека исчезнуваат.

Најпопуларен јазик во светот, воедно и најзборуван е англискиот јазик, со тоа што на најголем број од луѓето кој го зборуваат овој јазик, не им е мајчин јазик. Во бројки тоа изгледа вака: Англискиот јазик го зборуваат 1.13 милијарда луѓе, од кои на 379 милиони луѓе им е мајчин јазик. Овој јазик припаѓа на индо-европската група на јазици, каде спаѓаат и шпанскиот и францускиот јазик, кои исто така се во топ листата на најзборувани јазици во светот.

Топ листата на 5 најзборувани јазици во светот изгледа вака:

  1. Англиски јазик –  Го зборуваат 1,132,366,680 луѓе
  2. Мандарински кинески јазик –  Го зборуваат 1,116,596,640 луѓе
  3. Хинду јазик –  Го зборуваат 615,475,540 луѓе
  4. Шпански јазик –  Го зборуваат 534,335,730 луѓе
  5. Француски јазик –  Го зборуваат 279,821,930 луѓе

Инаку, листата изгледа малку поинаку ако се направи според тоа кој мајчин јазик е најзборуван во светот. На оваа листа првото место го има манадаринскиот кинески јазик, со околу 918 милиони луѓе на кои овој им е мајчин јазик. Мандаринскиот кинески јазик содржи многу дијалекти, како што се стандарниот кинески јазик, кој е и официјален јазик во Кина и пекингшки дијалект. Дури 30% од населението во Кина не зборува мандарински кинески јазик.

Топ листа на најзборуван мајчин јазик во светот изгледа вака:

  1. Мандарински кинески јазик –  Го зборуваат 917,868,640 луѓе
  2. Шпански јазик –  Го зборуваат 460,093,030 луѓе
  3. Англиски јазик –  Го зборуваат 379,007,140 луѓе
  4. Хинду јазик –  Го зборуваат 341,208,640 луѓе
  5. Бенгалски јазик –  Го зборуваат 228,289,600 луѓе

Денес бројката на луѓе кои зборуваат два или повеќе јазици, ја надминува бројката на луѓе кои зборуваат само еден јазик. Повеќејазичноста станува потреба, затоа освен мајчиниот јазик корисно е да знаете и некој од горенаведените, најчесто зборувани јазици во светот.