Photos from Unsplash.com
Photos from Unsplash.com

При планирање на патување, освен дефинирање на местото кое сакате да го посетите, опции за сместување и безбедност на дестинацијата, најчесто поважна ставка од сите претходно наведени е сумата на чинење. Првобитната сума значително се менува когa ќе се додадат дополнителни цени за: такси за престој, цена за виза, авионски такси, оброци, транспорт од едно до друго место, дневни тури, влезници за посета на музеи/туристички атракции/концерти/стадиони…

Затоа магазинот за патувања Conde Nast Traveler направи листа на 21 евтини дестинации за патувања во 2023 година. За составување на листата е користен моменталниот курс на доларот во однос на валутата во секоја спомената држава.

На листата се наоѓа и нашата држава, како и соседната Србија и двете популарни дестинации за летен одмор кои ги нудат нашите туристички агенции – Турција и Египет.

Photo: Antonio Stojceski from Unsplash.com

Ова се најевтините дестинации за патување во 2023 година:

1. УНГАРИЈА

2. ЈУЖНА КОРЕЈА

3. МЕКСИКО

4. АРГЕНТИНА

5. ВИЕТНАМ

6. БРАЗИЛ

7. ЈУЖНА АФРИКА

8. ШРИ ЛАНКА

9. КОСТАРИКА

10. КОЛУМБИЈА

11. ФИЛИПИНИ

12. ЕГИПЕТ

13. МАЛЕЗИЈА

14. ИНДИЈА

15. СРБИЈА

16. МАКЕДОНИЈА “Можеби затоа што крајбрежните земји го привлекуваат целото внимание, Северна Македонија останува една од најпотценетите (а со тоа и достапни) земји во Европа. Држава која иако е без излез на море, е добра дестинација за оние што знаат да патуваат, особено ако се упатите кон шармантниот град Охрид. Охрид ги има сите калдрмани улици и интересни цркви што може да се очекуваат од еден европски град, со дополнителна предност што се наоѓа веднаш на брегот на неверојатно прекрасното и биодиверзитетско Охридско Езеро.” – вака Conde Nast Travel” ја опишува Македонија.

Photo: Toa Heftiba from Unsplash

17. НЕПАЛ

18. ГАМБИЈА

19. ИНДОНЕЗИЈА

20. УЗБЕКИСТАН

21. ТУРЦИЈА

Листата е шаренолика, со држави од различни континети, а ако не сте за подалечно патување, тогаш оваа година размислете да ги посетите: Србија, Унгарија, Турција или пак Египет.