Да бидете платени за да се доселите во некоја држава – звучи неверојатно, но не и невозможно. Три европски држави ќе ви платат за да се населите во одредено место во земјата:
1. ГРЦИЈА – островот Antikythera
Грчкиот остров Антикитера кој се наоѓа јужно од копното на Грција, на средина помеѓу Крит и Пелопонез, има само 20 жители. Грчката православна црква на островот вовела план за плаќање на семејства да се доселат таму. Новите жители ќе добијат куќа и парче земја и ќе им се исплаќаат по 500 евра месечно во првите три години од животот на овој остров.
2. ИТАЛИЈА – гратчето Presicce
Гратчето Presicce кое се наоѓа на југот на Италија се бори со намалена популација и напуштени домови, па затоа неговите власти нудат по 30.000 евра на оние кои сакаат да се преселат таму. За да се квалификуваат како купувач на домови под стимулацијата од 30.000 евра, купувачите мора да станат жители на Прешиче и да купат еден од домовите избрани од властите, кои биле изградени пред 1991 година, а 25.000 евра треба соодветно да ги покријат трошоците за обнова на тие домови.
3. ШВАЈЦАРИЈА – селото Albinen
Селото Albinen е дел од истоимената општина во Швајцарија и за да се досели во него 4 члено семејство ќе одвојат 60.000 евра. Новите жители мора да бидат помлади од 45 години, да се пријават да живеат во Албинен најмалку 10 години, да купат или изградат имот таму со минимална вредност од 200.000 CHF и да се швајцарски државјани или да имаат валидна швајцарска дозвола Ц. Нивната куќа таму мора да биде примарна резиденција, наместо втор дом.
Вреди да се размисли?!?