Украсување на дрво со велигденски јајца е традиција во Германија, Австрија и во деловите на Швајцарија каде што се говори германски јазик, позната под името “Ostereierbaum” што во превод значи дрво декорирано со јајца за Велигден.

Фамилијата Крафт од местото Салфелд во Германија го кренала нивото на оваа традиција, со тоа што јаболкницата во својот двор успеала да ја накити со дури 10.000 шарени, велигденски јајца.

Се’ започнало во 1965 година кога Криста и Вокер Крафт дрвото го накитиле со 18 пластични јајца и секоја наредна година ја зголемувале бројката на закачени јајца. Па така, во 1994 достигнале до 350, во 1995 до 850, во 2011 имале 9800, а во 2012 закачиле 10.000 јајца на јаболкницата. За закачување на сите 10.000 јајца на гранките на дрвото потребни им биле повеќе од две недели.

Тие имаат и работилница каде нивната ќерка Габриела Румрих цртала мали уметнички дела на украсните јајца, па така скоро секое јајце е различно и изработено со многу труд и љубов и секое јајце придонесувало за убавината на ова Велигденско дрво.

Погледнете како изгледа ова Велигденско дрво:

Дрвото станало туристичка атракција, секоја година за велигденските празници започнале да го посетуваат илјадници туристи за да уживаат во прекрасната, несекојдневна глетка.

По завршување на празникот, дел од јајцата ги јаделе деца, дел ги донирале на хуманитарни организации за сиромашни, а пластичните јајца ги чувале за наредната година. За жал, последното китење на ова дрво со 10.000 јајца било во Април 2015 година.

Повеќе информации за ова дрво може да прочитате ТУКА.