Џовани Карили (82 години) и Џампијеро Нобили (74 години) се единствени жители во Нортоше, мало италијанско селo сместено во Умбрија, но и покрај тоа што таму нема други жители, тие сериозно ја сфаќаат опасноста од Корона вирусот и строго се придржуваат до препорачаните мерки за безбедност.

Двајцата носат заштитни маски и одржуваат социјална дистанца кога се шетаат низ селцето, а кога ќе седнат на кафе – седат на спортивни краеви од масата.

Карили се плаши од вирусот: “Многу се плашам од вирусот. Ако се разболам, препуштен сум сам на себе, кој ќе се грижи за мене? Стар сум, но сакам да продолжам да живеам, да ги чувам своите овци, винови лози, кошници со пчели и овоштарникот, да берам тартуфи и печурки. Уживам во мојот живот.”

Другиот дедо Нобили не се плаши од вирусот, туку вели дека треба да се придржуваат до правилата: “Носењето на маска и почитувањето на физичка дистанца не е само од здравствени причини. Тоа не е нешто добро или лошо. Ако постојат правила, мора да се придржувате до нив, поради себе и другите луѓе. Се работи за принцип.”

Навистина се дедовци за пример – грижејќи се за своето здравје и почитувајќи ги мерките, иако знаат дека никој нема да дојде во селцето за да ги казни, кое освен што е празно, исто така е и тешко пристапно, сместено на надморска височина од 900 метри.