Photos from Booking.com

Ако сакате да ги посетите Малдиви, но патот до таму ви е премногу долг, тогаш може многу поблиску да уживате во слично опкружување – на Турски Малдиви.

Турски Малдиви, како што го нарекоа дел од британските медиуми, е ексклузивниот и луксузен ресорт Lujo во Гуверчинлик, оддалечен 26 километри од Бодрум. Ова е еден од најубавите и најлуксузните хотели во Турција.

Photo from Booking.com

Овој ресорт несомнено наликува на луксузните ресорти на Малдиви, сместени на приватни острови со бел песок и кристално чиста, тиркизна вода и бунгалови покрај и над вода.

Photo from Booking.com

Содржи 3 приватни плажи, 4 базени на отворено, спа со масажи, фитнес центар, воден парк, ресторани и барови, каде максимално може да се препуштите на уживање со прекрасен поглед на тиркизното море.

Photo from Booking.com

Има голем избор на сместувачки капацитет, како вили со приватни базени и градина, шумски соби сместени под борови дрвја, лагуна фамилијарни дуплекси, оддел со соби само за возрасни. Сите соби се модерно и луксузно уредени со приватни балкони или тераса.

Може да уживате во 9 различни кујни во главниот ресторан со ala carte услуга, кој е отворен 24 часа, а барот служи виски и врвни, рачно валани пури.

Photo from Booking.com

За деца има Kijo Club кој располага со: детски тобогани, приватни часови по музика, уметничка соба, лего соба, забавни и едукативни работилници и вечерни програми прилагодени за детска возраст.

Photo from Booking.com

Lujo е идеален хотел ако сакате гламурозен одмор со максимално релаксирање и услуга од прва класа.

Photo from Booking.com

Овој хотел е во понудите за летен одмор во Бодрум на дел од нашите туристички агенции, a може да го разгледате и на Booking.