Photo: Screenshot Youtube.

Оваа 2020 година е година која сите сакаме што побрзо да заврши и што побрзо да ја заборавиме. 2020 го извади на виделина најлошото, но и најдоброто од човештвото. 2020 е година на предизвици, болка, тага, но и на борба, посветеност и триумфи. За сите моменти кои ја одбележаа оваа година, најчесто пребаруван збор на Google е “Зошто” (Why…?)

Google објави видео посветено на “Зошто”, кое ги содржи најважните моменти во светот кои се случија оваа 2020 година. Видеото предизвикува задоволство обоено со тага и болка.

Google ја опишa оваа година како година на длабоко испрашување, бидејќи светот прашуваше “Зошто” повеќе од кога и да било претходно.

Погледнете го видеото во кое се вметнати најчестите прашањата кои си ги поставувавме во текот на годината, обележани со најзначајните моменти:

“Најголема човечка одлика е да сакате да знаете зошто. За време на оваа година која го стави на тест целиот свет – “Зошто” беше пребарувано повеќе од кога било.

Ширењето на коронавирусот претставува значајна пресвртница.

Некои прашања инспирираа радост, други возбуда.

Некои прашања не’ расплакаа.

Некои прашања не’ натераа да се грижиме за оваа карпa која се врти и која ја нарекуваме дом.

Зошто беа изгубени толку многу животи? Скоро 1,5 милиони луѓе досега починаа од Ковид-19 ширум светот.

Зошто сè уште ги поставуваме истите прашања?

Зошто сè уште имаме сила да продолжиме?

Зошто не сме поразени?

Направивме премногу напредок и не се враќаме назад. Одиме напред!

Авиони започнаа да пристигнуваат во Бејрут, полни со меѓународна помош.

Пожарникари од целиот свет пристигнаа во Калифорнија.

Во светот се развиваат над 100 вакцини за коронавирус.

Ова е еден од оние моменти кога луѓето внимаваат еден на друг и си го чуваат грбот.

Продолживме да одиме по стапките на оние кои ни го покажаа патот.

Размислете каков би сакале да биде светот за вашите ќерки и внуки.

Запомнете дека препреките на патот имаат за цел само да ве обликуваат до вашата крајна цел.

Притиснете со гордост. И притиснете со цел.

Зошто оваа година ни го покажа најлошото, а сепак најдовме начини да триумфираме?

Значи, сè додека не најдеме одговор на секое прашање… A, некако ќе успееме да најдеме… Ние сè уште ќе прашуваме.”