Photo: Youtube video screenshot

Тајниот подземен град во поранешната држава Југославија е строго чувана тајна, но денес е достапен за туристи.

Граден од 1930 до 1934 година од страна на кралот Александар Караѓорѓевиќ, овој подземен град се наоѓа во Мали Зворник, Србија и се простира на површина од 5.000 метри квадратни, во кои може да се сместат околу 5.000 луѓе во 70 соби.

Photo: Youtube video screenshot

Ископан и бетониран е од страна на затвореници кои ги носеле ноќе со врзани очи, за да не се сеќаваат на локацијата, а главен проектант бил руски архитект на кој не му се знае точното име.

Со негова изградба е прекинато во октомври 1934 година откако врз кралот Караѓорѓевиќ бил извршен атентат во Марсеј, Франција, па до тогаш успеале да завршат 2/3 од целиот објект.

Освен кралот Александар Караѓорѓевиќ, за овој таен град знаеле само уште 4 лица: Премиерот на државата, Министерот за финансии, Воениот министер и Началникот на Генералштабот.

Точната намена и планот на користење остануваат непознати до денес, бидејќи документите за овој таен проект се’ уште не се откриени, а  бил користен само еднаш – тука кралот Петар Втори Караѓорѓевиќ ги поминал последните денови во Србија пред да замине во егзил.

Вратите за јавноста биле отворени во 2011 година, кога го посетиле повеќе од 20.000 луѓе. Во 2013 година општината Мали Зворник го направила осветлувањето на објектот, а постепено работат и на негова целосна реконструкција.

Погледнете како сега изгледа овој таен град во Југославија:

Несомнено дека ова е една многу интересна туристичка атракција, бидејќи вакви објекти кои се државна тајна, многу ретко стануваат достапни за туристи.