Photos from Unsplash.com

Дали знаете кога започна патувањето на Дедо Мраз и до каде е стигнат моментално? Патувањето го започна на 24 декември, а благодарение на NORAD може во живо да го пратите патешествието на најочекуваниот гостин за новогодишните празници.

NORAD e северноамериканска воздушна и вселенска одбранбена команда која го следи патувањето на Дедо Мраз кој доставува подароци на сите деца низ светот, а започнало сосема случајно – по грешка.

Во 1955 година реклама во весник во Колорадо Спрингс ги повикала децата да му се јават на Дедо Мраз, но ненамерно го навеле телефонскиот број на Континенталната команда за воздушна одбрана (претходник на NORAD). Полицајците ја прифатиле новата задача и оттогаш примаат повици на деца од целот свет и ја ажурираат веб страната која го следи патувањето.

Патувањето на Дедо Мраз може да го следите ТУКА.