Photo: www.patokolusvetot.mk

Сега е одличен период да уживаме во есенската атмосфера, во есенскиот пејзаж со многу златно – жолти нијанси и интересни вкусови. И не мора подалеку од Скопје да отпатуваме за да го искористиме есенското Сонце и да ги вкусиме сите есенски плодови.

Photo: www.patokolusvetot.mk

Оваа есен досега е изненадувачки топла, па може да имаме пријатни прошетки низ Скопје, да шетаме и спортуваме во природа или да откриваме нови, омилени места и локали низ градот, да се одмориме уживајќи во вкусни кафиња и смути со вкус на кралицата на есента – тиквата, топли чајчиња, салеп, варено вино со портокал, јаболко и цимет, свежо цедена калинка и што уште не.

Photo: www.patokolusvetot.mk

Уживајте во есенската идила во старата турска чаршија, на скопското кале со панорамски поглед, на кафе со поглед на убав мурал и вкусно колаче или во некој од спортските центри – да се освежите со пијалок после спортска активност, да испешачите до врв на Водно и таму да се почастите со топол напиток со поглед кон целиот град (за оние кои не се расположени за долго пешачење, можат да стигнат до врвот на Водно со жичарата која од ноември до мај работи од 10 до 17 часот, освен понеделник и секој последен вторник во месецот).

Photo: Eli Etem
Photo: www.patokolusvetot.mk
Photo: www.patokolusvetot.mk
Photo: Olivera Spasovska

А, ако сакате да излезете од Скопје, тогаш прочитајте предлог места за викенд прошетки во околината на градот:

Предлог места за викенд-прошетки во околината на Скопје