Како изгледа задоволството од пиење капучино со 24-каратно злато во хотелот “Emirates Palace” во Абу Даби, раскажува Роберт Смилески, кој штотуку се врати од оваа дестинација:
“Декаденција, да да, ептен се сложуваме на темава. Но, кога си во Рим правиш како Римјаните, па така и ние. Стигнуваат капучината солидно напрскани со златни снегулки и..како по ѓаволите се пие ова кафе? Го прашувам келнерот дотеран, намирисан, бела кошула (што би рекле Кумановци, “како пуцка”) и го прашувам како се конзумира ваквото кафе? Се меша златово па се пие или не знам, прво се шмука златото со нос, па се пие како нормалните капучина? Сирот човекот е од Филипини, нема никогаш пробано и бидејќи не знае, се решавам да тргнам со вториот начин.
Шмукувам злато со нос ко да не сум видел (🤔🤣) чувствувам некаков метален вкус, па дополнувам со еден срк на капучиното со сатенска пена. Ммм, доообра комбинација. Или можеби беше 24к-плацебо, но кафето беше многу квалитетно и вкусно. Па за тие пари, мислам…

Photo: Robert Smileski

Вечерта имавме закажано редовен PCR тест (апликацијата не потсети на тоа, еднаш неделно за странци или никаде нема да влеземе) и за тоа ни доаѓа екипа во хотелот. Си замислував дента, замисли, да и се закачи некое златце на сестрата на брисот? Што ќе помисли сестрата? Што златен народ ова Македонциве брее. 24каратен!
Инаку, злато овде ставаат и врз сладолед, врз хамбургери, торти…Cringe! Наравоучение: Вадете златото од плакарите и од теглите и јадете си го. Ќе се чувствувате ко шеици. Макар за кратко.
Па меракот нема ценa, нели?!? 🤑”

Во овој хотел освен златно кафе, можете да пробате и златно колаче, кое изгледа вака:

Photo: A.Petrovska

Секако, и ентериерот на хотелот е во златна боја:

Photo: A.Petrovska
Photo: A.Petrovska
Photo: A.Petrovska

Хотелот со сите златни удобности кои ги нуди е една од туристичките атракции во Абу Даби, а возбудата и спомените од уникатното доживување се загарантирани. Еднаш се живее.

Автор на текст: Роберт Смилески

©patokolusvetot.mk  Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон