Дали знаете дека на Антарктикот има точка која го носи името на македонскиот револуционер Јане Сандански?
Оваа точка всушност е крстена по градот Сандански во Бугарија, кој е именуван по нашиот револуционер Јане Сандански (1872 – 1915).

Точката се наоѓа на островот Ливингстон на Антарктикот, кој е најјужниот и најмалку населениот континент на Земјата и кој го опкружува Јужниот Пол. Антарктик е петти по големина континент, речиси двојно поголем од Австралија и поголем од Европа, со површина од 14.200.000 км2. Поголемиот дел од Антарктикот е покриен со мраз со просечна дебелина од 1,9 километри.

Антарктик може да го посетите со организирана тура со туристичка агенција, каде во друштво со научници кои престојуваат таму може да ја истражите недопрената природа со вечен мраз и снег и да фотографирате јато пингвини и фоки.
Прочитајте и за градот во САД кој се вика Македонија: