Photo: Carla Martinesi/Unsplash

Хрватска е единствена земја од поранешна Југославија која може да се пофали со ресторани со Мишелин ѕвезди.

Мишелин ѕвезда е привилегија да се добие – со добивање на една од возможни три ѕвезди, ресторанот влегува во златната селекција на најдобри ресторани во светот. За да се добие оваа ѕвезда, инспектори на Мишелин во тајност ги посетуваат и ги оценуваат рестораните според: квалитетот на состојките на оброците, вештината на подготовка на храната и комбинација на зачини, нивото на креативност, континуитетот на квалитетот на храната и пристапноста на цените.

Во Хрватска има 3 ресторани со по една Мишелин ѕвезда:

  • Ресторанот “360” се наоѓа на тврдината во Дубровник со прекрасен поглед на морето. Ако сакате да резервирате маса – потребно е тоа да го направите три недели пред посакуваниот датум за посета на овој ресторан. Освен гурмански јадења со ретки сорти на говедско месо и паштета од грав, ресторанот служи и повеќе видови локални хрватски сирења.

 

  • Ресторанот “Пелегрини” во Шибеник има многу успешна приказна со добивање на Мишелин ѕвезда ако се земе во предвид дека е во сопственост на самоук готвач, кој успеал да го освои светот со своите кулинарски вештини. Храната се служи во автентични керамички садови, а менито изобилува со несекојдневни комбинации како јагула со тиква и јадења инспирирани од француските, венецијанските, османлиските и австро-унгарските трендови. Овој ресторан во 2019 година по четврт пат беше избран за најдобар ресторан во Хрватска.

 

  • Ресторанот “Монте” во Ровињ ја добил Мишелин ѕвездата заради својата креативност, театрална кујна и ексцентрична презентација, а гурманските јадења се поделени во три менија: црвено, зелено и сино.

View this post on Instagram

In the making…

A post shared by Monte Restaurant Rovinj (@monte_rovinj) on

 

Се надеваме дека овие три ресторани ќе го задржат и надоградат својот квалитет, за во скоро време да бидат наградени со по уште една Мишелин ѕвезда и дека други ресторани во наша непосредна близина ќе го следат нивниот пример.