Богородичната црква во Париз или Нотр Дам повторно блеска во сиот свој сјај, откако вчера беше свечено реотворена по пожарот кој ја зафати во 2019 година.
Пожарот кој ја зафати готската црква во 2019 година, го оштети кровот и голем дел од нејзината внатрешност, па беа потребни 5 години за да се обнови комплетно. За нејзиното обновување пристигнуваа парични донации од секаде низ светот.
На вчерашното свечено реотварање, освен високи претставници од политичката сцена (како: францускиот претседател Макрон, новиот американски претседател Трамп, украинскиот претседател Зеленски и др.), присуствуваа и пожарникарите кои се бореa со пожарот во црквата, а во внатрешноста на новата петел фигура, која се наоѓа на врвот на цркавата (и претставува ветровизор), вметнат е лист на кој се напишани имињата на сите 2000 реставратори/работници кои работеле на нејзиното обновување.
Целата церемонија на реотварањето може да ја погледнете на ова видео:
Како дел од вчерашното реотварање на Нотр Дам беше и спектаклот со францускиот диџеј Michael Canitron, кој моментално има турнеја со која настапува во најубавите градби на светот, пропратено со лајт шоу осветлување по фасадите на објектите, па погледнете како беше осветлена црквата:
Нотр Дам се издигна од пепелта, симболизирајќи ја надежта и издржливоста и повторно ги отвора вратите за светот.
Од денес е отворена за посета и веќе се одржа и првата утринска миса.