Дури 581 плажи во Грција добија награда “Сино знаме” (“Blue Flag”) за 2022 година од страна на Фондацијата за еколошка едукација.

Наградата се доделува на плажи кои исполнуваат строги критериуми за чистота, безбедност и пристапност, а освен на плажи, се доделува и на пристаништа и на бродски компании кои оперираат со туристички бродови. Оваа награда се доделува од 1985 година.

Од вкупно 49 држави кои имаат плажи наградени со “Сино знаме”, Грција оваа година се искачи на високото второ место, а пред неа е само Шпанија со 621 наградена плажа.

Најголем број од наградените плажи во Грција се наоѓаат на Халкидики – дури 96.

Мапата на која се обелжани сите наградени плажи со “Сино знаме” за 2022 година може да ја погледнете ТУКА.

Со „Сино знаме“ ce наградени и 15 пристаништа и 6 туристички бродови.