Photo: Screen shot Youtube video

Никогаш не е доцна за патување околу светот. Oва го докажаа двете пријателки Ели и Сенди од Тексас, кои на 80-годишна возраст го испланираа своето патување околу светот за 80 дена, а на 81-годишна возраст го реализираа.

“Ова не е одмор, ова е авантура” – се сложуваат Ellie Hamby и Sandy Hazelip, кои инспирирани од книгата на Жил Верн – “Пат околу светот за 80 дена”, успеаа да ги посетат 7-те континенти и 18 држави за дадениот рок.

Државите кои ги посетиле за 80 дена.  Photo: Screen shot Youtube video

Сенди е докторка, а Ели е фотографка и се познаваат повеќе од 20 години, а се запознале на патување во Замбија.

На 11. јануари 2023 тие го започнале ова патување, тргнувајќи од Тексас кон Антарктикот, па кон Велигденските Острови. Заради политички немири во Перу, морале да го сменат планот и наместо таму, отишле во Аргентина. Потоа ја посетиле Шпанија и Италија, а во Финска ја доживеале поларната светлина. Во Непал научиле да играат нов танц, во Бали се лулале на огромна лилашка над оризови полиња, во Египет ги посетиле пирамидите и јавале камили, a летале и над Монт Еверест. Не ги пропуштиле ни Индија и Австралија.

Нивното патување само што заврши и со надеж дека ќе поттикнат и други луѓе на ваква авантура, Сенди и Ели советуваат: “Излезете од вашата комфорна зона, направете план и живејте! Не се плашете да сонувате, не се плашете да отстапите од секојдневието. Годините се само бројка!”