Photo: Joshua Hoehne/Unsplash

Границите на ЕУ ќе бидат отворени на 1-ви јули, но Македонија не се најде на листата на земји на кои ќе им биде дозволен влез во овие земји.

На листата на “безбедни земји” на кои ќе им биде дозволен влез во земјите членки на ЕУ се: Србија, Црна Гора, Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис и Уругвај.

Од ЕУ најавија дека листата ќе се ревидира на секои две недели.

На листата не се најдоа и државите кои во моментов се најсилно погодени од пандемијата на Covid-19: САД и Русија. Брисел изрази подготвеност да ја вклучи и Кина на листата, но само доколку таа им понуди реципроцитетен договор за патување на жителите на ЕУ.

Листата на трети земји за кои Грција ќе дозволи влез, ќе биде финализирана утре. Од среда 1-ви јули Грција ќе отвори седум гранични премини кон соседните земји, меѓу кои еден е со Македонија (Евзони), а по два со Албанија, Бугарија и Турција.