Photos from Unsplash.com

Ако пиете кафе, тогаш сигурно не ви поминува ниту една посета во Грција без да се напиете од најпопуларното грчко кафе – Нескафе фрапе. Ова кафе е најчестиот пијалок на грчките плажи и во кафе баровите и ретко може да се замисли уживање на плажа без ладното кафе во рака.

Приказната за Нескафе фрапе започнува во 1957 година на Меѓународниот трговски саем во Солун. Претставникот на компанијата Нестле, Јанис Дрицас, изложил нов производ за деца – чоколаден пијалок кој се правел со инстантно мешање со млеко и протресување во шејкер. Еден од вработените на Дрицас, сакал да го испие вообичаеното инстант кафе на пауза, но не нашол топла вода, па кафето го измешал со ладна вода и шејкер. Овој импровизиран експеримент е основата на денешното фрапе. Станал национален кафе пијалок на Грција околу 1979 година.

Photo: A.Petrovska www.patokolusvetot.mk

Ова кафе е достапно во три степени на сладост, според количината на шеќер и кафе што се користи при негова изработка:

1. “Glykós” – СЛАТКО, 2 лажички кафе и 4 лажички шеќер.

2.  „Métrios“ – СРЕДНО, 2 лажички кафе и 2 лажички шеќер.

3. „Skétos“ – СТАНДАРД, 2 лажички кафе и без шеќер.

Уште едно кафе кое е грчки изум е Фредо еспресо, но иако е популарно, сепак најпопуларен кафе пијалок во Грција е фредото, а според некои тврдења, најдоброто нескафе фрапе во Грција се пие во неколку локали во Атина.