Photos from Unsplash.com

Ако размислувате за кратко викенд патување, за кое не треба да одвоите голема сума на пари, тогаш погледнете ја оваа листа на 10 најевтини градови во Европа.

Истражувањето за најевтини дестинации во Европа е направено од страна на Jersey Island Holidays, во кое се земени во предвид просечни цени на такси, сместување, оброци, алкохол и останати елементи кои го сочинуваат секое патување.

На оваа топ 10 листа, дури 7 градови се наоѓаат на Балканот, меѓу кои и нашиот главен град – Скопје, за кој е наведено дека се потребни 166 долари за викенд престој.

Топ листа на 10 најевтини дестинации во Европа:

  1. Ниш, Србија  (137 долари/викенд)
  2. Бања Лука, БиХ  (147 долари/викенд)
  3. Тузла, БиХ  (151 долари/викенд)
  4. Приштина, Косово  (162 долари/викенд)
  5. Скопје, Македонија  (166 долари/викенд)
  6. Подгорица, Црна Гора  (168 долари/викенд)
  7. Кишинев, Молдавија  (181 долари/викенд)
  8. Дебрецен, Унгарија  (188 долари/викенд)
  9. Лублин, Полска  (197 долари/викенд)
  10. Белград, Србија  (209 долари/викенд)

Поопширно може да прочитате ТУКА.