Photo: Fernando Jorge/Unsplash

Во 2018 година започна да плови најголемиот брод за крстарења – Symphony of the Seas, сопственост на компанијата “Royal Caribbean”.

Бродот тежи 226.963 тони, долг е 362 метри, а широк 65 метри. За неговата изградба биле потребни 3 години.

Symphony of the Seas може да прими 6.680 гости во 2.759 соби, на 18 различни палуби. Има 22 ресторани, 42 барови и салони, театри, 24 базени, тобогани, лизгалиште, аква парк, спа центар и зип-линија. Бродот е модерно опремен и претставува мини-град сред море, со разновидни содржини за гостите да не почувствуваат дека нешто им недостасува додека крстарат. Исто така, на бродот има засадено повеќе од 20.700 растенија.

Photo: Fernando Jorge/Unsplash

Крузерот е направен за секого – семејства може да уживаат во Семеен пакет кој вклучува многу семејни игри, млади луѓе желни за возбуда може да ги пробаат тобоганите, базените, лизгалиштето, зип-линијата или стимулаторот за сурфање на FlowRider, а постарите гости може да дегустираат вкусна храна во многуте ресторани, да се релаксираат во спа центарот и да погледнат претстава во театар.

Погледнете како изгледаат надворешноста и внатрешноста на овој најголем крузер во светот:

Импресивно, зар не ?!?